Непречен сообраќај низ државата, без подолги задржувања на граничните премини
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 19, 2025
- 1 min read

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со повремено влажни коловози на одредени делници. Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува посебна внимателност при управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Возете внимателно и безбедно!




Comments