top of page

📩 ДО РЕДАКЦИЈАТА НА ТВ КАНАЛ ВИС ПРИСТИГНА ДЕМАНТ И СООПШТЕНИЕ ОД ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“

📩 ДО РЕДАКЦИЈАТА НА ТВ КАНАЛ ВИС ПРИСТИГНА ДЕМАНТ И СООПШТЕНИЕ ОД ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“


До нашата редакција денес официјално пристигна демант и соопштение од Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори „Паркиралишта Струмица“ – Струмица, во врска со објавената информација за појава на отворени електрични кабли на канделабри.


Од претпријатието информираат дека проблемот бил евидентиран и саниран неколку дена пред да биде објавен во медиумите, и тоа по нивна редовна контрола на терен. Во соопштението се наведува дека не постои пријава за овој случај во Системот 48, достапен на веб-страницата sistem48.strumica.gov.mk, што само потврдува дека интервенцијата е извршена по иницијатива на самото претпријатие.


Од „Паркиралишта Струмица“ упатуваат јавна благодарност до сите граѓани и медиуми кои укажуваат на проблеми, но воедно апелираат пред објавување на содржини од овој карактер, да се побара официјален став од институциите, со цел објективно и точно информирање на јавноста.


Целиот текст на демантот и реакцијата може да го прочитате во прилог.


 
 
 

Comments


bottom of page