Голема антикорупциска акција во Србија: Уапсени сопственици на фиктивни компании
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 19, 2025
- 1 min read

Српската криминалистичка полиција ја спроведува најголемата антикорупциска операција досега, при што се уапсени сопственици и директори на повеќе од 20 фиктивни компании, јавува Радио-телевизија Србија (РТС).
Според информациите, овие компании преку симулирани деловни активности се занимавале исклучиво со перење пари, при што штетата се проценува на неколку стотици милиони динари, односно стотици илјади евра.
Меѓу уапсените, неофицијално, се наоѓа и сопственикот на компанијата за производство на оружје „НБ ИНАТ“, како и сопственикот на винаријата „Шкрбиќ“ од Белград. Истрагата продолжува, а властите најавуваат нови апсења и проширување на случајот.




Comments